После само неколку недели откако направи дупла мастектомија, Анџелина Џоли, се појавила во јавноста на премиерата на филмот на својот вереник. Глумицата изјавила дека се чувствува одлично, и дека вереникот Бред Пит и бил неверојатна поддршка.

– Се чувствувам одлично, прекрасно, и многу сум му благодарна за целата поддршка. Тоа многу ми значи. Бред беше неверојатен, навистина неверојатен. Тој е прекрасен сопруг и многу сум среќна. Задоволна сум што сега многу повеќе се зборува за здравјето на жените – изјавила славната глумица.


