Производите на брендот претставуваат импресивни збирки софистицирани часовници со неверојатно прецизни и комплицирани механизми. Arnold & Son кмбинираат уметност, традиција и технологија како никој друг.
Часовниците од Кралската колекција се со класичен израз на елеганција и префинетост и со карактеристичен печат на англискиот стил. Колекцијата е инспирирана од старите часовници кои Џон Арнолд, основачот на компанијата ги правел за кралското семејство. Часовниците доаѓаат во комплет со специјално декорирани, елегантни и луксузни дрвени кутии.