Потребни состојки за филот:
– 200гр мелени ореви
– 200гр мелени бисквити
– 550гр шеќер
– 20 лажици вода
– 100гр чоколадо за готвење
– 200гр маргарин
За глазурата:
– 100гр чоколадо за готвење
– 50гр маргарин
Подготовка:
Во зовриена вода ставете го шеќерот, варете 3 минути додека да се истопи и потоа додадете ги мелените бисквити и оревите, се кратко подварете и оставете да се олади, па додадете го маргаринот исечен на мали парчиња и мешајте додека не се истопи.
Во друг сад истопете го чоколадото за готвење, и во него додадете ја половината од претходно припремената смеса и добро измешајте. Плехот намачкајте го со маргарин и рамномерно распоредете дел од смесата со чоколадо, истанчете ја со раце и преку неа распоредете го идругиот дел од смесата.
За глазурата растопете го чоколадото за готвење и маргаринот и прелијте го колачот.
На крајот почекајте колачот да се олади, а глазурата да се стегне, па послужете.
