
Како што пренесуваат извори блиски до британското кралско семејство, војвотката Кејт Мидлтон може да се породи во секој момент, иако проценката на гинеколозите била дека тоа ќе се случи по недела или две. Породувањето ќе го изврши докторот Маркус Стекел, бившиот гинеколог на кралицата Елизабета Втора, а еден инсајдер за списанието “The Telegraph” објаснил дека му било кажано да биде подготвен во секој момент. “ Тој пред гостите на еден крикет меч изјавил дека секој момент очекува да го побараат од палатата. Веќе две недели не испил ниту една капка алкохол”. Интересно е дека според прогнозите на кладилниците, Кејт Мидлтон има најголеми шанси да се породи на 15. или 16 јули.
