Art & Crafts

Бананата – природен избелувач на забите

Доколку сакате да добиете или да ја задржите неодоливата насмевка трба  да избегнувате кафе и цигари и секојдневно да се грижите за своите заби. Природно, бесплатно и ефикасно средство кое се крие во вашата кујна може да стане најдобар пријател на вашата насмевка. Пробајте да ги избелите забите со кората од банана. Со внатрешниот дел од кората масирајте ги забите и непцата барем две минути, па потоа измиете ги со паста. Кората од бананата е богата со калиум, калциум, магнезиум и витамин Д, состојки кои се одлични за забите, а истовремено помагаат во нивното избелување.

Напиши коментар