Светски познатите стилисти советуваат за сезона пролет – лето 2013 мат изглед на усните, драматично обоени во различни нијанси на црвената боја.
Ако ја разгледаме шминката од модниот подиум ќе ги видиме актуелните тенденции и очигледно е дека мат усните во цреша боја доминираат.
Џина Брук, дамата која се грижи за мејкапот на Мадона, Ан Хатавеј, Жизел Бундхен и Гвен Стефани го споделува своето мислење за новата тенденција:
„Црвениот кармин беше доста популарен на последните SAG награди, зошто бојата е вечна класика. Оваа боја е симбол за самодоверба, сила, женственост и се разбра сексапил.“