Убавина

Бебешко пире за вашата коса

Денеска ќе споделиме со вас една исклучително лесна маска од банана, која не е задолжително да ја правите од нормални банани. Бананите во бебешките кашички се со многу добра концентрација и можат да се претворат во чудесна маска.
Еве што ви е потребно за да ја направите оваа маска:
1 тегличка бебешка кашичка од банана
2 супени лажици зејтин
1 супена лажица мед
Како да ја подготвите и да ја нанесете:
Помешајте ги сите состојки и изматете со миксер ,потоа нанесете еден дебел слој на косата од добиената смеса пред да ја измиете косата. На главата ставете гумена капа и оставете маската да делува околу 45 минути. На крајот измијте ја косата со шампон, како и секогаш.

 

Напиши коментар