За прв пат ново истражување докажа дека бебињата започнуваат да ги препознаваат говорните ѕвуци уште додека се во утробата на мајката, а не како што се сметаше до сега, дека тоа се случува дури во првиот месец после раѓање.
Плодот започнува да ги препознава говорните звуци на мајката уште во првите десет седмици од неговото постоење. Тогаш тие почнуваат да го разликуваат нејзиниот глас од оној на останатите луѓе.
Ете зошто улогата на мајката е особено важна, бидејќи тоа може да влијае на мозокот на детето уште во многу рана возраст, односно уште пред неговото раѓање.
За да се чувствува вашиот плод удобно и заштитено, новите анализи велат дека треба често да му се обраќате, а тоа ќе знае дека тие топли зборови се упатени точно на него.