Мојата кујна

Бела рада

Потребни состојки за кората:

10 белки

300гр шеќер

3 лажици брашно

150гр мелени ореви

За филот:

500мл млеко

300гр шеќер

300гр путер

250гр мелени ореви

10 жолчки

3 лажици густин

Подготовка:

Чврсто изматете ги белките со шеќерот, додадете го брашното и оревите, па од смесата исечете две кори. За филот сварете половина од млекото со оревите. Преостанатото млеко сварете го и додадете го густинот измешан со шеќерот и жолчките. Смесите соединете ги додека се топли. Кога филот  убаво ќе се олади, додадете го и пенасто изматениот путер. Двете кори премачкајте ги со филот, па завиткајте ги во ролат. Оладениот ролат исечете го на парчиња и наредете ги во облик на срце. Премачкајте го со кремот кој претходно сте го одвоиле и напрскајте го со ореви.

 

Напиши коментар