Здраво тело

Билки кои помагаат за зачнување и задржување на плодот

Не малку парови имаат проблем со зачнување или задржување на плодот. Доста често традиционалната медицина не може да помогне во овие случаи.

Ако вие или вашите блиски имаат слични проблеми и се обиделе  што ли не, но без резултат, еве неколку билки, кои помагаат за полесно зачнување, како и за задржување на плодот.

Црвената детелина не е често користена билка, но таа една од ретките, за кои се смета го помагаат процесот на забременување. Тоа нејзино својство се должи на големото количество витамини, содржани во билката. Освен тоа црвената детелина е богата со калциум, магнезиум, придонесува за опуштање на нервниот систем, што е од особено значење за зачнување.

Поради богатиот минерален состав употребата на билката помага за правилно функционирање на жлездите и го балансира нивото на хормоните во организмот. Освен тоа билката лекува секакви хронични воспаленија на мочните патишта.

Оваа билка има својство да ја тонизира матката, а со тоа истовремено го стимулира и лачењето на хормоните.

Може и да ви звучи чудно, но друга билка за полесно забременување е ружата. Таа помага за задржување на фетусот, кај жени склони кон абортус. Освен тоа ружата штити и од породилна треска.

Write A Comment