Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон за прв пат учествуваше на свечената манифестација по раѓењето на кралскиот наследник Џорџ и ги порази сите присутни со својата симпатична фигура. Сопругата на принцот Вилијам се појави во полн сјај на гала вечерата на фондацијата Туск на Кралското здружение во Лондон.
Кејт беше облечена во сребрен фустан без ракави на Jenny Packham, прелиен со гламурозни детали, а чевлите со високи потпетици. Шминката беше својствена за нејзиниот стил – едвај забележителна.