Здраво тело

Болести кои ги предизвикува стресот

Оддамна е познато дека стресот има негативни ефекти врз нашето тело и издравје. Но, има и други емотивни состојби као што се, лутина, бес, тага и слично, кои исто така предизвикуваат негативно влијание на нашето здравје. Човековото тело одлично се справува со краткорочниот стрес, но кога тој е долготраен тогаш остава сериозни траги. Франц Александар, научник кој ја постави основата на психоматската медицина направи едно истражување со кое ги наведува болестите кои се предизвикани од овие емоционални состојби. Покачен крвен притисок, чир на гастродуоденалата, улцеративен колитис, хипертироидизам, бронхијална стма, хроничен ревматоиден полиартритис итн. Ова се само дел од болестите кои ги предизвикува бесот, нервозата и стресот. Дури и кога навидум изгледаме смирено, обидувајќи се да ја потиснеме нервозата и тагата, тогаш тие тивко го уништуваат нашето здравје. Затоа секогаш кога ќе почуствувате проблеми со дишењето, варењето на храната, проблеми во работата на срцето запрашајте се колку сте изложени на стрес и нервоза.

Напиши коментар