ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 лажици мед
50гр чоколадо за готвење
50гр суво грозје
200гр маргарин
100гр ореви
150гр шеќер
250гр корнфлекс
ПОДГОТОВКА:
На ниска температура, со често мешање истопете го маргаринот и шеќерот. За тоа ќе ви бидат потребни околу 10 минути.
Во меѓувреме ситно исецкајте ги оревите.
Во растопениот маргарин и шеќер додадете го чоколадото, добро измешајте па додадете го медот. Вратете ја смесата на шпорет и мешајте се додека состојките не се соединат.
Во вака припремената, неизладена, смеса додадете го сувото грозје, оревите и корнфлекстот, па уште еднаш добро измешајте.
Распоредете ја смесата во подмачкан плех и израмнете ја.
Оставете ја бонжитата да се олади па исечете ја на коцки или правоаголници. Друга варјанта е тестото воопшто да не го ставате во плех туку да обликувате топчиња и да ги служите во книжни корпички.