Мојата кујна

Божиќни колачиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 лажиче цимет

* 1 прашок за пециво

* 500гр брашно

* 200гр прав шеќер

* 100гр какао

* 3 јајца

* 5 лажици млеко

* 130гр путер на собна температура

* 1 ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги мешаме путерот и шеќерот.
  • Ги додаваме јајцата едно по едно, какаото, циметот, млекото и брашното со прашокот за пециво.
  • Замесуваме тесто и го оставеме да отстои една ноќ.
  • Следниот ден развлекуваме една кора со дебелина околу половина сантиметар и ја сечеме со формички на елка (или други, по избор).
  • Формичките ги мачкаме со јајце и ги попрскуваме со шеќер.
  • Печеме во претходно подмачкана тава на 180 степени, околу 25-30 минути.

Напиши коментар