Следете ги овие совети, како би можеле да бидете сигурни дека ќе ја прескокне пијачката после работа и нестрпливо ќе чека да се врати дома, во вашата прегратка.
Потрудете се да не заборави да ве бакне пред да излезе
Кога науро ќе тргнете секој по свој пат, немојте само да го бакнете во образ, Бакнете го страсно. Цел ден ќе мисли на вас и едвај ќе чека да ве види.
Сменете ја рутината
За да му докажете дека враќањето дома не значи крај на забавата и сето она што било возбудливо тој ден, смислете неочекувани планови поради кои ќе се прашува што го чека кога ке се врати дома.
Изненадете го со излив на нежности
Упатете му комплимент во момент кога тоа најмалку го очекува. Во текот на денот испратете му порака “Ми недостигаш” или “Те обожавам”. Кој не би сакал да поминува време со личност која му го храни егото?