Среќно оженет е само оној човек кој ја разбира секоја реченица која неговата жена не ја изговорила.
Бракот поради сметка е заедница на луѓе кои никогаш не можат да сметаат едно на друго.
Вештината на бракот е умешноста да поминете од љубов во пријателство, при тоа не жртвувајќи ја љубовта.
Бракот е препорачано писмо, обично со погрешна адреса, кое е интересно само додека е затворено.
За брак се потребни двајца, за развод најмалку тројца.
Љубовта е слатко ропство, бракот е ропство без сласт.