Неизбежната статистика покажува дека за сексот во бракот е важен не само квалитетот туку и количеството, што рано или касно неминовно води до конфликт на интереси. Ужасните цифри покажуваат дека луѓето во брак поминуваат насамо посветени еден на друг, само четири минути дневно. Останатото време го посветуваат на работата, децата и домашните обврски.
Освен тоа статистиката покажува дека 75% од браковите пропаѓаат ако еден од партнерите изневерил. Околу 60% од партнерите најмалку еднаш изневериле на партнерот. Свадбата пред 25-та година во голем процент ги зголемува шансите за развод. Веројатноста брачниот пар да се раздели е поголема и кога жената е повозрасна од мажот, и покрај тоа што не ретко се набљудува и спротивното.
Освен тоа паровите со деца имаат многу поголеми шанси да се разделат за разлика од оние кои немаат дете, бидејќи појавата на бебе неминовно го зголемува стресот и води до конфликтни ситуации во семејството. Истражувањата покажуваат дека 90% од паровите страдаат од намалена сексуална активност после раѓањето на првото дете, а 20% од партнерите имаат секс помалку од 10 пати во годината само две години после свадба.