Научниците од Тексас открија дека мажите со привлечна жена уживаат посреќен брак, а задоволството од семејниот живот се зарджува во текот на целото врме. Од ова станува јано дека за мажите клучот за долг и среќен брак се не толку компатибилноста на карактерите и сличните интереси, колку атрактивноста на нивната сопруга.

Ова сепак не важи за сите жени. Според истражувањето атрактивноста на сопругот не игра посебна улога за тоа колку среќна или задоволна е сопругата.
Психологот Андреа Мецлер од Јужниот методистички универзитет испитувала над 450 млади семејства во текот на четири години.
Пред испитувањето секој маж и жена биле замолени одделно до осум пати да го оценат задоволството од својот брак. Сопружниците биле позадоволни од сопругите на почеток на бракот. Со текот на времето мажите со сопруги домаќинки, кои биле оценети како привлечни, останувале позадоволни во бракот од партнерот.

