ШоуБиз

Бред Пит: Одлуката на Анџелина е херојска!

Откако вчера холивудската актерка обелодени дека направила двострана мастектомија од страв поради семејната генетска мутација и ризикот дека би можела како нејзината мајка да заболи од карцином на градата, нејзиниот партнер Бред Пит јавно ја подржа и ја поздрави нејзината храброст.

Бев непосреден сведок на таа одлука и сметам дека нејзиниот избор и изборот на многу други жени е апсолитно херојски. Се заблагодарувам на лекарскиот тим, на вниманието и грижата. Се што сакам е Анџелина да има долг живот и здравје со мене и нашите деца. Ова е среќен ден за нашето семејство – изјавил славниот актер.

Напиши коментар