ШоуБиз

Бред Пит тешко болен

Анџелина Џоли го прими следниот тежок удар од судбината. Актерката која сосема наскоро призна дека направила двојна мастектомија  поради ризик од рак, сега е во шок поради сопругот.

Станува збор за тоа дека нејзиниот долгогодишен партнер Бред Пит страда од тешка болест на мозокот. Болеста не му дозволува да ги разликува лицата на луѓето.

Болеста е позната како прозопагнозија и може да биде предизвикана од траума или нарушување на крвните садови.

Самиот тој призна дека се чувствува толку лошо од се што се случува што не сака да гледа никого. А како ѕвезда од висок ранг е принуден секојдневно да комуницира со стотици луѓе.

Поради болеста Бред сериозно размислува да се откаже од киното. Актерот стигнал до таму што поради болеста единствената желба му била да не гледа никого и да се повлече во својот дом.

Напиши коментар