Со поглед кон златните песоци, дел од мексиканскиот брег, хотелот Encanto во Акапулко нуди на своите посетители бегство од реалниот живот во луксузниот рај на земјата…
Самата местоположба на хотелот максимално ги искористува природните убавини на Пацификот и тропскиот амбиент кој го опкружува. Во дизајнот на ентериерот преовладуваат стаклени ѕидови и површини, па прекрасниот екстериер присуствува со својот шарм на тој начин во приватните соби на гостите.