ШоуБиз

Бритни ја раскина веридбата!

Бритни Спирс го вратила вереничкиот прстен вреден 90 000 долари на сега веќе бившиот вереник Џејсон Травик бидејќи двајцата не стигнале до компромис во врска со нејзините планови да има уште деца.

Еве што поп дивата коментира во однос на разделбата со Џејсон: „Џејсон и јас решивме да ја раскинеме веридбата. Секогаш ќе го обожувам и ќе си останеме големи пријатели.“

 

Џејсон пак изјавил: „Е таа глава од животот на нас двајца заврши, но почнува нова. Секогаш ќе ја секам неа и децата и ќе останеме блиски засекогаш.“

Џејсон веќе го напуштил заедничкиот дом, а Бритни ќе продолжи сама да ги одгледува своите синови Шон Престон и Џејдин Џејмс од бракот со Кевин Федерлајн.

 

Напиши коментар