ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 125гр путер
* 175гр шеќер во прав
* 3 јајца
* 175гр остро брашно
* 2 лажичиња прашок за пециво
* 2 лимони
* 50гр шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Матете ги путерот и шеќерот во прав додека не станат пенасти, а потоа додадете ги јајацата и брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за пециво.
- Во смесата додадете наредана кора и сок од еден лимон. Калапот за колач ( не премногу голем) обложете го со хартија за печење, ставете ја смесата и печете на 180 степени околу 30 минути.
- Потоа излупете ја другата кора од лимонот и исечете ја на мали парчиња. Измешајте ja со 25гр шеќер и оставете на страна.
- Исцедете го сокот од другиот лимон, додадете му ги преостанатите 25гр шеќер и згрејте ја смесата со постојано мешање. Откако шеќерто ќе се истопи, варете со постојано мешање уште 2-3 минути додека не се направи сируп.
- Печениот колач избодете го со вилушка, посипете го со мешавината од кората на лимон и шеќер и полиете го со сирупот.
