За оние кои сакаат да ослабат брзо, нудиме итна 3 дневна оризова диета која може да ве ослободи од 2,5 килограми, но за 6 месеци може да ослабнете и до 12 килограми доколку ја применувате еднаш месечно. Не смее да се користи почесто од тоа.
ПРВ ДЕН
Појадок: јаболко, 100гр варен ориз со рендана кора од лимон.
Ручек: супа од зеленчук, 150гр салата од зеленчук, 100гр варен ориз и една лажичка маслиново масло.
Вечера: супа од зеленчук, 100гр варен ориз со варен морков.
ВТОР ДЕН
Појадок: портокал, 100гр варен ориз со свежи билки и една лажичка павлака.
Ручек: супа од зеленчук, 100гр варен ориз.
Вечера: 100гр ориз, зеленчук.
ТРЕТ ДЕН
Појадок: грејпфрут, 100гр варен ориз со малку цимет.
Ручек: супа од зеленчук, 100гр салата од краставици со една лажичка маслиново масло.
Вечера: супа од зеленчук, 100гр варен ориз, и 150гр брокула.
Пред да ја започнете диетата, консултирајте се со вашиот лекар.