ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 канче кисело млеко со ниска масленост
* 15 лажици брашно
* 2гр сол
* 3 јајца
* 2гр сода бикарбона
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Изматете ги јајцата со помош на жица, заедно со солта.
- Кон млекото додадете ја сода бикарбоната и добро промешајте.
- Измешајте го млекото и сода бикарбоната со изматените јајца.
- Додавајте од брашното лажица по лажица, внимателно мешајќи.
- Печете ги палачинките во силно загреано масло, земајќи од смесата со лажица и ставајќи во маслото. Печете од двете страни.
