Butchart градината е една од најпознатите градини во светот која се вбројува во гурупата на “најдобри меѓу најдобрите”. Се наоѓа во Британска Колумбија. Го одзема здивот, ве шокира и ве прави да се чувствувате како да се наоѓате во рајот. Зафаќа површина од 50 хектари и се наоѓа во близина на островот Ванкувер. Во текот на целата година градината изгледа прекрасно, и преку лето и за време на морничавите зими.
Таа е една од најстарите градини, започнувајќи ја својата историја во 1904 година. Таа е толку убава, што после тоа долго време остава пријатни траги на вашите сетила и незаборавни импресии. Властите ги преземаат сите неопходни грижи за одржувањето на убавината на градината постојано. Во пролетната сезона илјадници цвеќина цветаат и ја исполнуваат со сите видови маѓични бои.
Како што заоѓа сонцето, се вклучуваат стотици светилки со различен интензитет на сјај, што ја надополнува нејзината величенственост и во текот на ноќта. Тоа придава еден маѓичен допир на веќе убавата Butchart градина.
Постојат многу хотели во близина на Butchart градината па можете да ја посетите по секое време во текот на годината. Во различните сезони ќе имате можност да ја видите во различно светло, но секогаш подеднакво прекрасна. Затоа не пропуштајте ја уникатната Butchart градина, една од најубавите во светот и уживајте во нејзината незаборавна убавина.