Драматична сензуалност и емоции. Дизајнерите на Херера овој пат своето внимание го насочиле во минатото, црпејќи инспирација од модата карактеристична за 40-те години на минатиот век. Боите кои се особено актуелни во колекцијата, а и воопшто за сезоната се смарагд зелената и бојата на црно вино. Колекцијата е збогатена со одлични принтови, кои придаваат модерен печат врз класичната основа.