Многу жени се жалат од чувствителната кожа. Таквата кожа непријатно реагира на одредени видови на козметика и е склона кон акни, црвенило и лупење.
Денеска ќе ви прикажеме четири правила, кој се исклучително лесни за користење:
– Пиете пијалоци, кои што се на собна температура. Особено полезна е топлата вода со лимун. Кога пиете ладна вода вие му овозможувате на крвниот систем да работи многу активно, а тоа со себе ја носи веројатноста за повреда на вените. Избегнувајте ледени пијалоци и нема да имате проблем со вените и крвните садови на лицето.
– Навечер измиете го лицето со специјално средство за одстранување на шминка, кое не содржи пена. Користете само топла вода, но не и врела- тоа ќе ја заштити кожата од дразнење.
– Правете пилинг на кожата на секои 10-14 дена. Не користете груби пилинзи. Потребни ви се само нежни кои што можете да ги приготвите и во домашни услови. Еве како:
Помешајте:
– 2 супени лажици масло
– 1,5 супени лажици кафен шеќер
– 0,5 супени лажици свежо исцеден лимунов сок
Маслото ја омекнува кожата, шеќерот ексфолира нежно, сокот од лимон ја прави посветла и ги намалува порите. За најдобар резултат масирајте го лицето со направената смеса во продолжение од 45-60 секунди.
– Откако ќе направите пилинг и ќе ја исчистите кожата, навлажнете ја. Тешките лосиони не се добри за чувствителната кожа, неопходен ви е лесен навлажнувачки гел.