Мода

Чевли со дијаманти за денот на вљубените

Блескавите дизајнерски чевли се направени со 11 000 дијаманти, кои што го покриваат секој сантиметар  до отворот на прсите. Камењата се од 3, 5, 7, 10, 20 и 40 карати.

Чевлите се дело на дизајнерката на Crystal Heels Eвелин Фокс, која што со својата екипа работела три месеци, за чевлите да бидат готови точно за Свети Валентин. Цената е еден милион долари и се продаваат во бутикот Лионс во Беверли Хилс.

Обувките за еден милион долари не се како другите,тие се уникатни модни обувки кои може да им конкурираат на најпознатите марки на светот.

И кога зборуваме за блескави обувки, не можеме а да не го споменеме скапоцениот модел на  Giuseppe Zanotti.

Ставете ги настрана нежните бои и дизајни и подгответе се да ја пресретнете ноќта со еден пар црни чевли, посипани со Swarovski кристали .

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар