Мојата кујна

Чизкејк со браунис колачиња

Начин на подготовка:

За тестото се потребни следните состојки:

-Еден путер исецкан на парчиња

-170гр темно чоколадо

-1/2 чаша шеќер

-3 јајца

-1/2 мала лажичка сол

-1/4 чаша какао во прав

-1/2 чаша плус две лажици сенаменско брашно

За филот:

-200гр свежо сирење

-1/3 чаша шеќер

-една жолчка од јајце

-1/4 мала лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

1.Рерната загеете ја на 180 степени. Тавата намачкајте ја со малку путер. За почеток потребно е да го истопите чоколадото и путерот во еден сад на пареа.

2. Кога чоколадото и путерот ке се истопат изматете ги јајцата и солта. Кога сето тоа добро ке го измешате, додадете го брашното и какаото  и повторно добро изматете додека не добиете смеса за печење која потоа ќе ја ставите во тавата за печење.

3. Сето тоа премачкајте го со сирењето врз првиот дел  и ставете го да се пече се додека не се подигне и не добие црвенкаста боја. Тоа е обично околу 50 до 55 минути. Да ли е колачот печен, може да пробате така што во него ке забодете вилушка или нож кои мора да останат чисти откога ке ги извадите.

4. Пред да го исечете, почекајте малку да се олади, а во добро загреан сад може да стои и до три дена.

Write A Comment