Одличен десерт за вистинските љубители на кафето.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За пандишпан:
3 јајца
150 грама шеќер
150 милилитри масло за јадење
100 милилитри млико
100 грама чоколадо
70 грама брашно
1 прашок за печиво
100 грама мелени лешници
За крем:
½ литар млеко
1 пудинг од чоколадо
60 грама шеќер
100 грама чоколадо
50 милилитри јако зготвено кафе
250 грама путер
За глазура
20 грама путер
100 грама чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пандишпан:
Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер за да добите пенаста маса, потоа додадете го маслото за јадење, млекото, стопеното чоколадо, брашното помешано со прашокот за пеќиво и мелените лешници.
Сите состојки убаво изматете ги и смесата излијте ја во замастен и набрашнет плех за печење и печете на веќе загреана рерна на 180 степени Целзиусови. 35 – 40 минути.
Крем
Сварете го пудингот според упатството на пакувањето. Во сварениот топол пудинг додадете го стопеното чоколадо и црното кафе. Излејте ја смесата во подлабок сад, покријте го со фолија и оставете да се олади кремот.
Путерот пенасто изматете го и додадете го на веќе оладениот пудинг се добро измешајте.
Кремот распоредете го врз веќе оладениот претходно подготвен пандишпан.
Глазура:
Путерот загрејте го додека не почне да врие, тргнете го од оган и измешајте го со искршеното чоколадо, мешајте додека не добиете глатка структура.
Така приготвената глазура оладете ја и прелијте ја преку колачот.
Колачот послужете го со чаша капучино.
Уживајте!!!