ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100гр сецкано темно чоколадо
* 100гр исецкан путер
* 85гр шеќер во прав
* 80гр мелени бадеми
* 1 лажица инстант кафе измешано со 1 лажица топла вода
* 3 јајца
ПРЕЛИВ ОД МАЛИНИ:
*120гр малини
*50гр вода
*45гр шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Варете ги малините, шеќерот и водата на среден оган. Намалете го огнот и динстајте 5-7 минути. Стевете го настрана да се олади.
- Загрјте ја рерната на 170 степени. Подмачкајте ја и побрашнете ја тавата за печење.
- Истопете ги чоколадото и путерот на оган.
- Во чоколадото додадете го шеќерот, мелените бадеми и кафето. Додавајте една по една жолчка.
- Белките матете ги додека не добите снег и потоа измешајте ги во чоколадната смеса.
- Печете 35 минути. Прелите со преливот од малини и ставете малку шеќер во прав.
