Мојата кујна

Чоколаден крем со цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 жолчки и едно цело јајце

250мл течна павлака

125мл ниско калорично млеко

200гр црно чоколадо

1/3 чаши кафеав шеќер

3 лажици чоколаден ликер

1 ½ чаени лажички цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете го јајцето, жолчките и шеќерот со миксер. Во тенџере на умерен оган загрејте го млекото и павлаката.

Штом млекото ќе зоврие извадете го од огнот и додадете го чоколадото. Измешајте внимателно почнувајќи од средината. Така подготвената смеса малку оладете ја и прелијте ја врз жолчките. Мешајте додака да добиете хомогена смеса. Додадете го циметот и ликерот.

Загрејте ја рерната на 170 степени. Распоредете го кремот во огноотпорни садови. Ставете ги во тава со вода, која ги покрива до половина ниво на чашите.

Чоколадниот крем се пече на пареа околу 30-35 минути, додека десертот не се стегне малку во средината.

Готовиот крем се служи добро изладен.

 

 

Напиши коментар