ПОТРЕБНИ СОСОТОЈКИ:
* 125гр брашно
* 1 лажица какао
* 60гр путер
* 60гр шеќер
* 1 јајце
* 30гр стопено чоколадо
ЗА ПОЛНЕЊЕ:
* 200гр стопено чоколадо
* 300мл слатка павлака
* 50мл млеко
* 2 јајца
* 100гр шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измешајте ги брашното и какаото. Изматете ги путерот и шеќерот. Додадете ги јајацта и стопеното чоколадо. И се добро измашајте.
- Додадете ја смесата со брашното и добро измешајте. Оставете ја да отстои 30 минути.
- Развиете тесто и ставете го во округол плех за печење со пречник од 25см. Нека отстои во фрижидер околу 15 минути.
- Загрејте ја рерната на 210 степени. Тестото покриете го со фолија и печете го оклу 15 мнути. Извадете ја фолијата и печете уште 5 минути. Оставете да се олади.
- Намалете ја температурата на 170 степени.
- Околу 1/3 од стопеното чоколадо премачкајте врз тестото. Варете ги млекото и павлаката додека не зовријат, а потоа додадете го останатото стопено чоколадо.
- Изматете ги јајцата и шеќерот и додадете го чоколадниот крем. Ставете ја смесата во калап и печете околу 45 минути на 170 степени.
