Мојата кујна

Чоколадна торта

Подготовка:

Со миксер изматете го маргаринот, шеќер и ванилин шеќер, додека не добиете пена. Додадете ги жолчките, матете постојано додека смесата не се соедини. Потоа додадете какао и растопено чоколадо, а на крајот мелени ораси и лешници. Посебно изматете ги белките и додадете ја претходно подотвената смеса. Може да додадете и рум по желба.

Клапот за печење подмачкајте го со масло и брашно. Печете во загреана рерна на 250 степени само 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и оставете уште 15-20 минути.

Филувајте кога ќе биде потполно оладено.

Фил:

Изматете путер, шеќер во прав и ванилин шеќер, додадете ги жолчките, а потоа и какао, растопено чоколадо и рум. Блките изматете ги посебно , а потоа помешајте ги со другата смеса.

Изматениот фил ставете го во фрижидер да се олади, а потоа филувајте.

Состојки:

  • 140гр маргарин
  • 140гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 јајца
  • 140гр мелени ораси и лешници
  • 2-3 реда чоколадо
  • 1 лажица какао
  • Рум

Фил:

  • 125гр путер
  • 125гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 реда чоколадо
  • 1 лажица какао
  • 2 јајца

Напиши коментар