Потребни состојки:
200 гр сурови бадеми,
100 гр чоколадо,
4 супени лажици какао,
1 супена лажица шеќер во прав
Начин на подготовка:
Шпоретот се загрева на 100 С. Бадемите ставете ги во тепсија, а потоа оставете ги во шпоретот да се сушат околу 30-40 минути.
За тоа време чоколадото се топи на пареа, а врз хартија за печење се исипува какаото во дебел слој. Почекајте додека бадемите не се оладат.
Бадемите се потопуваат во растопената чоколада, а потоа во какаото. Чоколадните бадеми се сервираат поросени со шеќер во прав. Уживајте во десертот!