Потребни состојки:
– 250гр путер
– 150гр шеќер во прав
– 250гр мелени бисквити
– 7 лажици рум
– 2 лажици мармалад од кајсии
– 100гр чоколада за готвење
Подготовка:
Изматете го путерот со шеќерот во прав, потоа во смесата додадете ги мелените бисквити, румот и мармаладот од кајсии.
Сето тоа добро промешајте го и од добиената смеса направете мали топчиња.
Растопете го чоколадото за готвење и во него натопете го секое топче,а потоа оставете ги малку да одстојат.