Потребни состојки:
170гр маргарин
350гр шеќер
200гр брашно
100гр мелени ореви
200мл. млеко
едно пакетче прашок за пециво
2 јајца
2 лажици какао
100гр чоколадо
Начин на подготовка:
Пенасто изматете го маргаринот со 250гр шеќер и жолчките. Измешајте го брашното со пецивото и полека ставете го во смесата од маргаринот. Внимателно ставете млеко, кога смесата ќе се соедини, додадете ги оревите. Белките изматете ги во чврст снег и внимателно соединете ги со тестото. Печете во подмачкан плех на температура од 200 степени. За кремот истопете ги шеќерот, какаото, чоколадото и маргаринот. Варете 5 минути и постојано мешајте. Топлиот крем распоредете го по горната површина на оладениот колач. Кога ќе се стегне, исечете го на коцки.