Мојата кујна

Чоколадни пуканки

Потребни состојки:

–          200гр пченка за пуканки

–          малку масло

–          1 лажица шеќер

За преливот:

–          200гр црно чоколадо

–          100гр путер

–          2 лажици шеќер во прав

–          2 лажици мусли од чоколадо

–          3 лажици сецкано суво овошје

–          1 лажица сецкани ореви, лешници или бадеми

Подготовка:

Во голем сад со малку масло направете ги пуканките на вообичаен начин, само наместо сол, додадете шеќер. На готовите пуканки додадете им од чоколадното мусли, сецканото суво овошје и оревите, па се добро измешајте. На пареа истопете го чоколадото заедно со путерот, додадете шеќер и мешајте се додека тој не се истопи, па прелијте ги пуканките. Пуканките ставете ги на хартија за печење и оставете чоколадото да се исуши.

Напиши коментар