Мојата кујна

Чоколадно суфле

Потребни состојки:

80гр брашно

200гр шеќер

350гр путер

8 жолчки

6 јајца цели

350гр чоколадо за готвење

Подготовка:

–          Ги растопуваме чоколадото и путерот на пареа.

–          Со жица го матиме шеќерот заедно со сите јајца.

–          Ја додаваме чоколадната смеса многу внимателно и мешаме. На крајот го додаваме брашното.

–          Добро ги намрсуваме формите за мафини и ги попрскуваме со брашно (за да можеме да ги одлепиме)

–          Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.

 

Напиши коментар