Дневната конзумација на чоколадо може да го намали ризикот од срцев удар кај некои ризични пациенти.
Истражувањата покажуваат дека јадењето на малку чоколадо три пати неделно го намалува крвниот притисок. Темното чоколадо го подобрува крвотокот во телото. Јадењето на темно чоколадо може да заштити и од развивање на артеросклероза. Чоколадото им помага на луѓето да го одржат мозокот здрав, а мислите будни.
Чоколадото потенцијално ги зголемува шансите за слабеење – Ако некогаш сте мислеле дека чоколадото е храна, од која се дебелее, тоа е погрешно. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат чоколадо редовно се послаби од оние кои не јадат.
Важно е количеството што човек си го дозволува и содржината на какао во него.
Чоколадото го контролира апетитот – тоа содржи влакна кои природно ја потиснуваат гладта.
Чоколадото со повеќе содржина на какао и помалку шеќер е добро за вашето здравје. Темното чоколадо е полно со антиоксиданси. Антиоксидансите му помагаат на телото да се ослободи од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативно оштетување на клатките. Слободните радикали се вмешани во процесот на стареење и може да бидат причина за рак. Храната богата со антиоксиданси како црното чоколадо, можат да ве заштитат од многу видови рак.