Мода

Christian Louboutin колекција за есен/зима 2013/2014

Чевлите на Christian Louboutin ги обожаваат жените ширум светот. Многу познати дами ги носат како на црвениот тепих така и на прошетка во текот на денот.

Секогаш посебен и поинаков од другите, Louboutin и оваа сезона се потруди жените во неговите чевли да се чувствуваат женствено и секси без оглед на тоа дали носат вртоглави потпетици и рамни чевли.

Колекцијата содржи голем избор на модели со разни бои во комбинација со нитни, леопард принтови и циркони. За оние кои сакаат штикли тука е проверената комбинација – висока, тенка со црвено обоена внатрешност, а доколку преферирате по лежерни чевли, колекцијата ви нуди модерни, богато украсени патики и мокасини.

 

Напиши коментар