Убавина

Цимет против целулит

Според дерматолозите од Универзитетот во Гренобл екстрактот од цимет е едно од најефикасните средства против целулит. Тие спровеле експеримент во кој учествувале 80 жени погодени од овој козметички проблем. А резултатите се навистина неверојатни.

Половина од учесничките биле подложени на специјални антицелулитни маски и масажи во текот на една недела. Од друга страна, другите дами погодени од целулит биле третирани само со масло од цимет, извлечено од сушени кори на растението.

И што мислите? Се покажало дека кај втората група целулитот се намалил за цели 60%, а кај првата само 10%. Зарем тоа не е навистина импресивно?

 

Напиши коментар