Здраво тело

Цитрусови плодови за здравје

Портокал

Свежо ицеден сок од портокал ја лекува мрзливоста на цревата и сите проблеми кои произлегуваат од неа: акни, мозолчиња, црвенило по лицето. Сокот од портокал е одличен регулатор и успешно се справува со вишокот на килограми. Токму за помош во борбата со прекумерната тежина специјалистите диетолози советуваат да се пие наутро на гладно свежо исцеден сок од три портокали.

Лимон

Кој би рекол дека и ломонт има својство да се бори против дебелината? И тоа со навистина неверојатен успех. Освен тоа, оваа жолта благодет  има и ред  други прекрасни квалитети. Лимонот е одличен лек против ангина и воспаление на грлото. А лекува дури и ревматизам.

Познати се уште и неговите квалитети во избелувањето на кожата. После туширање додека лицето, рацете и телото се суште влажни, обилно втријте сок од лимон делува исклучително хидратантно. Оние чија кожа е чувствителна на киселост , може сокот од лимон да го разредат со малку млеко.

Грејпфрут

Макар и малку горчлив, овој вкусен плод е одличен регулатор на размената на материите. Прекрасен лек против анемија. Изедениот грејпфрут наутро на гладно, станува ненадминлив помошник во борбата против килограмите.

Напиши коментар