Нема жена која не е фан на црвениот кармин, тоа е етикета за женственост и вечна класика.
Црвениот кармин си останува вечен хит и ништо не може да го детронира.
Денес ќе го фокусираме вниманието на неверојатната црвена боја во мејкапот и ефектот што го создава – стил, гламур, класа и аристократија.
Црвената нијанса е соодветна како за специјални поводи, така и за елегантен дневен стајлинг.
Одговара на дами од различни возрасти, но помладите девојки не треба да претеруваат, туку да се определат за клоритен акцент или да ја комбинираат облеката со дрски аксесоари за посвеж изглед.
Макар што одговара на сите без исклучок, неопходно е црвениот кармин внимателно да се комбинира со останатата шминка. Кожата треба да е идеално изедначена со пудра и матирана.
Најдобро оди со ајлајнер или само маскара.