Убавина

Цветна маска за лице

Цветовите од ружи често се состојки на козметичките производи- креми, лосиони, парфеми…

Ружата и водата од ружа имаат многу предности за кожата, меѓу останатото ги смалуваат брчките и ја хидрираат кожата. Направете сами маска за лице од од овој мирисен цвет.

Натопени листови од ружа

Натопете свежи листови од ружа во вода и оставете ги да одстојат  еден час. Потоа згмечете ги листовите и додадете јогурт, сок од лимун и мед. Ставете ја маската на лице и оставете 15 минути да делува, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Оваа маска е подеднакво добра и за мрсна, и за сува кожа.

Ружа и овесни снегулки

Натопете ги листовите од ружа во вода околу 30 минути. Згмечете ги со вилушка и помешајте ги со овесните снегулки. Оваа маска се користи како пилинг за чистење на лицето, но пред да ја нанесете измијте го лицето со вода и млеко. Избришете ја кожата со вода од ружи, а потоа нанесете на лицето и вратот. Оставете да се исуши, и потоа измијте со ладна вода.

Напиши коментар