Тихиот океан е неверојатен спектакл на природата, исполнет со убавина и спокојство. А среде него е полно со мали парченца од рајот, на кои човек може да заборави за времето и светот околу себе.
Меѓу овие рајски местенца се островите Кук – вкупно 15 острови, расфрлани на огромната површина од 2 милиони квадратни километри. Од западната страна се други егзотични острови: Тонга и Самоа, а на исток – Тахити.
Кук се мешавина од вулкански и корални острови и само брз поглед на сликите ќе ве убеди дека треба да ги ставите на листата на работи кои треба да ги видите додека сте живи.
Највидливи тука се пејсажите. Малку места на светот се толку убави, а и нивните жители се пријателски расположени, добронамерни и секогаш спремни да помогнат. Повеќето локални луѓе се адаптирале на модерниот начин на живот, но продолжуваат да ги почитуваат најстарите традиции.
Иако секој остров има по нешто посебно, заради што вреди да се посети, најпопуларен меѓу туристите е Раротонга.
Крајбрежјето на Раротонга е опкружено со кристална сина вода и бел песок, високи палми и многу непроодни џунгли во внатрешноста.