Дали е можно раѓањето да има и друга страна која не ја познаваме? Можно ли е тоа да е придружено со оргазам?
Според некои истражувачи – да! И според нив тоа е една од најдобро чуваните тајни денес.
Се повеќе жени раскажуваат дека наместо агонија за време на раѓањето доживеале вистински екстази. Дебора Барнер – акушерка со долгогодишно искуство, направила неофицијално истражување, според кое 21% од анкетираните дами доживеале оргазам, додека му давале живот на детето…
Звучи неверојатно, нели? Други научници исто така тврдат дека тоа е сосема можно. Тие истакнуваат дека за време на породувањето се стимулираат истите зони во телото на жената, како и за време на оргазмот. Хормоните, кои се ослободуваат во телото повторно се исти со исклучок на оние на стресот. Затоа, според експертите, ако идната мајка успее да се постави психички, ако се релаксира и биде спокојна, таа може да ја трансформира агонијата во врвно задоволство…
Звучи прекрасно да му дадеш живот на детето кога си во состојба на апсолутна среќа, но што и да зборуваме, тешко е да се поверува. Но токму верата е таа која создава чуда, нели?
Погледнете го ова видео и можеби ќе поверувате во чудото на животот!
