After Midnight

Да сакаш со отворени очи

“Да сакаш со отворени очи” Хорхе Бука ни ги отвара очите за најважната карактеристика на љубовта. Таа не се бара, таа не е начинот да ја пополниме празнината во себе. Само ако сватиме дека таа е внатре во нас и веќе не исполнува, тогаш можеме да ја почувствуваме, да ја разбереме вистински и да уживаме во неа…

Луѓето прават грешка цел живот барајќи ја љубовта во другиот и се залажуваат со очекувањето дека тој ќе ја пополни дупката во нив. А тоа неминовно ги осудува на низа разочарувања…

Затоа, пријатели, успорете малку и прочитајте ги овие цитати од книгата “Да сакаш со отворени очи” на Хорхе Бука. Можеби тие ќе ви помогнат да дознаете дека среќата и љубовта почнуваат од љубов кон себе…

“Дојде ли до тешкотии во односите, прво мора да сватите дека тие се составен дел од патот кон љубовта. Решението е во тоа да се откажете од илузијата за совршен пар, каде нема конфликти и партнерите се вечно вљубени”.

“Да си вљубен значи да ги сакаш сличностите, а да сакаш значи да се вљубиш во разликите”.

“Љубовта е поврзана со тоа да не се присилуваш да бидеш онаква кава претпоставуваш дека тој би сакал да бидеш”.

“Сите љубовни приказни завршуваат со среќен крај: се ожениле и си живееле среќно. Со тоа ништо не завршува. Напротив, сето тоа започнува. Освен едно: илузијата за совршен живот без проблеми”.

“Кога имате потреба од другиот, за да постоите, врската се претвора во зависност. А кога сме зависни не можеме да бираме. А без избор нема слобода. А без слобода нема вистинска љубов. А без вистинска љубов може да има бракови, но нема да има парови”.

Напиши коментар