Дестинации

Далеку од очите… Луксузно место за оние кои бараат екстремна приватност

Кога за прв пат ќе го видите ова место, ќе си помислите дека не е ништо особено, но тајната е дека е тоа  e всушност луксузно место за богати и познати кои бараат екстремна приватност.

Овој комплекс од минималистики уредени вили е во сопственост на хотелскиот ланец Аман и се простира на 242 хектари во Кањонот Поинту во Јута.

Коцкастите ултра модерни вили ги привлекуваат најбогатите клиенти, кои пристигнуваат со приватни авиони. Анџелина Џоли и Бред Пит престојувале овде во 2011. година.

На гостите им се нуди јога, студио за “смирување”, масажа во огромни салони и многубројни третмани за разубавување. Базенот се наоѓа помеѓу карпите а од луксузните соби се протега прекрасен поглед.

Ноќевање во апартман со поглед кон пустината чини 1.100 долари а четворокреветна вила со приватана тераса, дневна соба со камин, соба за забава, надворешена туш кабина и лежалки кои гледаат на бескрајниот базен, чини 7.500 долари за една вечер.

news-2013-Juni-skrovit_895519504

news-2013-Juni-skrovit1_334514799

news-2013-Juni-skrovit3_995223292

Amangiri-08-2-1150x859

news-2013-Juni-skrovit2_464983773

 

 

Write A Comment